Координативен состанок на институциите од безбедносниот систем во Кавадарци
03-11-2022 РЕГИОН

Во просториите на Подрачното Одделение на Дирекцијата за заштита и спасување Кавадарци денеска се одржа Кординативен состанок на институциите од безбедносниот систем во проширен состав,  се со цел за брзо организирање, превентивно делување и имплементирање на современ и ефикасен систем за заштита и спасување на населението, имотот и животната средина.

 

На кординативниот состанок учествуваа претставници од подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување Кавадарци, како домаќин,  подрачното одделение на Центарот за управување со кризи, регионален центар гранична полиција „Југ“, полициска станица Кавадарци, полициска станица Михајлово, Шумско стопанство „Бор“ , општина Кавадарци, Црвен Крст, ТППЕ Кавадарци и инспектор по шумарство.

 

На кординативниот состанок се разгледуваа анализата за  пожарите во тековната 2022 година, заклучно месец Септември, анализата за пронајдени убојни средства од прва и втора светска војна, настанатите поплави во оваа година. Исто така на состанокот се разгледа и анализата за вакцинирани граѓани од Ковид 19 и остварувањето на законската обврска на Дирекцијата за заштита и спасување во делот на опремување на ТППЕ Кавадарци.

 



Share

Додади коментар