КОНФЕРЕНЦИЈА НА УВОЗНИЦИ-ДИСТРИБУТЕРИ НА ГЕРМАНСКАТА ГРУПАЦИЈА KNORR-BREMSE
04-06-2015 РЕГИОН

Од 3 до 6 јуни Кавадарци е домаќин на еден несекојдневен настан односно „ Собир на увозници-дистрибутери“ на германската групација KNORR-BREMSE. Во рамки на ова, денеска во хотел „ Фени “ во Кавадарци се одржа конференција на која пред присутните имаа излагања тројца претставници од челните позиции во германската  компанија Knorr-Bremse на која се сублимираа резултатите од работењто на оваа компанија изминатата година, а секако акцент беше ставен на новитетите и иновациите кои се предвидени за периодот кој следува.

„ Како што споменавте овој собир е традиционален и го организираме секоја година. Сакам да ја истакнам важноста на мрежата на корпорацијата, а токму тоа е и причината  што секоја година ја менуваме локацијата односно регионот а целта е да го претставиме најновиот развој на компанијата. Овде се 23 земји од Централна и Источна Европа, сите балтички земји. Имаме луѓе од Унгарија, Бугарија, Романија, Хрватска, Молдавија, Словенија, Србија сите земји од регионот освен Украина. Во текот на денешниот ден ќе одиме да ја посетиме фабриката Ван Хол во Скопје која е исто така бизнис партнер на нашата компанија. Ќе го посетиме стариот дел на Скопје и потоа ќе ги посетиме локалните специфики на овој град, ќе одиме во винариите и така натаму. Македонскиот пазар за нас е развоен пазар, бидејќи економијата е во зголемување и е идно ориентиран и затоа сме среќни што сме тука “- вели претставникот на Knorr- Bremse.

Организатор на овој собир беше Кавадаречката комапнија Велком Трејд ДООЕЛ Кавадарци, која е  долгогодишен успешен соработник и партнер на оваа германска групација. Преку оваа конференција присутните имаа можност меѓусебно да ги разменат своите искуства.Групацијата Knorr-Bremse со седиште во Минхен Германија е водечки производител и светски лидер во светот на системите за сопирање и контрола за комерцијалните и железничките возила и оваа година прославува 120 години од своето основање и постоење. Knorr-Bremse е снабдена со широк спектар на испробани и проверени системи за сопирање и компоненти – кои што ги исполнуваат меѓународните стандарди.

Директорот на кавадаречката компанија, Митко Велков истакна дека денешниот собир беше показател како една Македонска компанија не само успешно ја промовира својата работа туку ја промовира и сопствената држава.

 

Маја Алексовска

 



Share

Додади коментар