Контроли во угостителските објекти
08-02-2014 РЕГИОН
Голем број неправилности биле утврдени во контролата што заеднички ја извршиле синоќа кавадаречката полиција и Управата за јавни приходи. Биле контролирани 10 угостителски објекти, а како што велат од полицијата, акцијата имала цел на лице место да се утврдат прекршоците од законот за заштита пушење.
Во еден угостителски објект бил констатиран прекршок од законот за заштита од пушење. Четири објекти имале прекршоци од финансиското работење, фискализацијата и водењето на задолжителна евиденција. Исто така било конститрано во еден објект и точење на алкхол на малолетници.
Против сите што го прекршиле законот, од полицијата, велат дека ќе бидат поднесени соодветни пријави.
M.M
Додади коментар