МАЛОЛЕТНИЦИТЕ ГИ ПОСЕТУВААТ УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ АМА НЕ КОНЗУМИРААТ АЛКОХОЛ.. ОВА Е ЗАКЛУЧОКОТ ПО СПРОВЕДЕНИТЕ КОНТРОЛИ НА ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ДЕТСКО ПРЕСТАПНИШТВО.. ОВА ТЕЛО СИНОЌА БЕШЕ НА ТЕРЕН.. НАПРАВИ УВИД ВО ЛОКАЛИТЕ КОИ СЕ НАОЃААТ НАСПРОТИ ГИМНАЗИЈАТА.. ЗАТЕКНА МАЛОЛЕТНИЦИ НО СИТЕ КОНСУМИРААТ БЕЗАЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ..
ВО ПАТРОЛАТА НА СОВЕТОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА Е ВКЛУЧЕНА И ПОЛИЦИЈАТА.. СИНОЌА ТАА ГИ ЛЕГИТИМИРАШЕ МЛАДИТЕ ЗА КОИ ПОСТОЕШЕ СОМНЕЖ ДЕКА СЕ МАЛОЛЕТНИ.. ОД СВР ВЕЛЕС ВЕЛАТ ДЕКА АКЦИЈАТА НЕМА КАЗНЕНА УЛОГА.. ЦЕЛТА Е ДА СЕ ДЕЛУВА ПРЕВЕНТИВНО..
ДОСЕГАШНАТА РАБОТА НА ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ДЕТСКО ПРЕСТАПНИШТВО ПОКАЖАЛА ДЕКА МАЛОЛЕТНИЦИТЕ НАЈМНОГУ ПРЕКРШОЦИ ПРАВАТ ВО СООБРАЌАЈОТ.. УПРАВУВАВААТ МОТОРИ БЕЗ ДОЗВОЛА, НЕ ГИ ПОЧИТУВААТ ПРАВИЛАТА И НЕ НОСАТ ЗАШТИТЕН ШЛЕМ.. ВО СЛЕДНИТО ПЕРИОД ПАК СОВЕТОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ЌЕ ПРОМОВИРА ПРИРАЧНИК ЗА ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ЗАКОНОТ ЗА ПРАВДА ЗА ДЕЦАТА..
ОД ВЕЛЕШКАТА ПОЛИЦИЈА ВЕЛАТ ДЕКА РЕДОВНО СЕ СПРОВЕДУВААТ КОНТРОЛИ ВО УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ЗА ПРИСУСТВО НА МАЛОЛЕТНИЦИ.. ПРОВЕРКИТЕ НЕ ПОКАЖАЛЕ ПРЕКРШУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ..
ПОСЕТАТА НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ Е ПРВА АКТИВНОСТ ОД АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА РАБОТА НА ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ДЕТСКО ПРЕСТАПНИШТВО.
Зоран Јаневски
Додади коментар