Конечно, дупките на „Страшо Пинџур“ стануваат минато
04-04-2017 РЕГИОН

Долги години ударните дупки на улицата „Страшо Пинџур“ во Ваташа беа кошмар за возачите. Поради нив безбедноста во сообраќајот беше намалена, а при врнежливо време страдаа често и пешаците. Многу возила беа оштетени.

Секоја пролет се крпеа ударните дупки, но поправките даваа резултат до првиот пороен дожд или снег.

 

Пред околу еден месец конечно локалната самоуправа со средства од Светска банка започна да го реализира проектот за реконструкција на најоштетениот дел со должина од 344 метри на потегот од новата пошта во Ваташа до спојот со улицата „14 мај“ кај зградите „Силекс“.

 

Вчера оперативата на „Урбан инвест“ работеше на овој потег и половина од работата беше завршена. Од локалната самоуправа рекоа дека со целосна реализација на овој проект ќе се заврши денеска, a се инвестираат 1.382.131 денари, пари од Светска Банка.

 

Овој зафат е дел од проектот „Реконструкција и интервенција на локалните патишта за селата Дреново и Возарци и асфалтирање и поплочување на улици и тротоари во селата Марена, Дреново, Ваташа, Сопот и Глишиќ.

 

Градоначалникот Панов нагласи дека поради контролите кои биле потребни од Светска банка се равлече асфалтирањето на оваа улица за речиси еден месец.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар