Комунална изградба во село Марена
25-11-2019 РЕГИОН

Општината Кавадарци во рамките на програмата за комунална изградба реализира проект за поплочување на пристап во селото Марена.

 

Ангажираната оператива на фрмата „Патио Монт“ од Кавадарци деновиве работи на оформување на урбанизиран пристап. Проектот се однесува на урбанизирање на улица-споредна што ќе служи за пристап на лице со пречки во движењето. Во оваа фаза се поставија мали рабници, по што ќе следи тампонирање, а во завршната фаза и поставување на бехатон плочки на површина од 100 квадратни метри.

 

Овој хуман социјален проект општината го реализира на барање на жителите од тој дел на Марена.

 

Оперативата на фирмата „Патио Монт“ од Кавадарци деновиве во с.Марена спроведе уредување на простор со бехатон плочки на вкупна површина од 130 квадратни метри. Проектот се однесува на урбанизирање на плато пред автобуската постојка во селото веднаш до сопотскиот мост на реката Луда Мара.

 

Општината овој проект го реализира на барање на жителите од тој дел на Марена.

 

Со овие зафат општината привршува со реализацијата Програмата за комунална изградба 2019 година, во селото Марена - информираат од локалната самоуправа.



Share

Додади коментар