Комуналец набави мобилна асфалтна база
25-02-2019 РЕГИОН

 

 

 

Мобилна асфалтна база набави кавадаречкото комунално претпријатие, со што се модернизира механизацијата со која располага. Со оваа машина екипите на претпријатието ќе можат да вршат крпење на ударните дупки во текот на цела година, бидејќи ќе се рециклира стариот асфалт и ќе се произведува нов. На денешната презентација, беше речено дека општината ќе заштеди многу средства, а ќе биде ефикасна во дејствувањето на теран. Покрај крпењето на ударните дупки исто така ќе може да се санираат и прокопите при отстранување на дефекти.

 

 

Ова е технологија која што е застапена во многу земји со исклучок на Македонија. Еве прв пат се воведува кај нас. Машината придонесува за поголема ефикасност во одржувањето на локалните улици и патишта. Ние го имаме тој проблем особено во зимските месеци кога се јавуваат голем број а ударни дупки, а асфалтните бази не работат и не можеме да интервенираме. Затоа се одлучивме за набавка на оваа мешина за да можеме да ги санираме ударните дупки и прокопите кои се јавуваат во текот на целата година“ објаснува раководителот на секторот за комунално уредување во општина Кавадарци, Драган Симоновиќ.

 

Со навременото крпење на дупките ќе се избегнат и тужбите кои општината ги добивала од граѓаните поради оштетување на возилата, поради не санирани дупки – велат од локалната самоуправа. Годишно во Кавадарци се крпење околу 2500 метри квадратни.

 

 

Возниот парк на комуналното претпријатие е збогатен и со една нова цистерна за перење на улиците и камион кипер. Денеска во кругот на претпријатието беше претставена новата набавка. Градоначалникот Митко Јанчев нагласи дека со модернизацијата граѓаните ќе добијат квалитетни и ефикасни услуги.

 

„Ја завршуваме целокупната набавка за ЈП Комуналец. Една цистерна,  камион кипер и мобилна асфалтна база. Комуналец е компанија со модернизирана опрема“ нагласи Јанчев.

 

Комуналец ја заокружи инвестицијата вредна 30 милиони денари за модернизација на возниот парк и механизацијата, нагласи директорот на Комуналец, Ѓоко Поп-Ицов.

 

„Со домаќинско работење ЈП Комуналец, во 2019 ќе го докомплетира возниот парк, со што услугите кон граѓаните ќе бидат многу по ефикасни“ рече директорот и нагласи дека вработените се подготвени за да работат со новата опрема, а доколку има потреба ќе се вршат и дополнителни обуки.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар