Комуналец апелира граѓаните да го селектираат отпадот
04-05-2018 РЕГИОН

 

Кавадарчани веднаш треба да започнат да го селектираат отпадот кој го фрлаат во новите контејнери. Во апелот од ЈП Комуналец потенцираат дека за таа цел веќе на повеќе локации се поставени посебни контејнери за пластика, хартија и стакло, обезбедени во соработка со “Пакомак”. 

 

 

  „Денеска “Пакомак” започна со празнење на контејнерите. Веднаш се забележа дека дел од кавадарчани ја почитуваат намената на овие нови контејнери, но за жал има и такви кои во нив ставаат секаков отпад. Со тоа не само што го отежнуваат нивното празнење, туку и ја блокираат идејата за селектирање  и рециклирање на отпадот, кое е и те како важно за сите, нагласуваат од комуналното претпријатие. 

 

 

Во апелот се нагласува, граѓаните да прават  разлика помеѓу контејнерите за општ смет и специјализираните за пластика, хартија и стакло, со цел почиста и поздрава животна средина.



Share

Додади коментар