Комплетно се уредува спомен паркот „12 ваташки младинци“
01-06-2018 РЕГИОН

 

Општина Кавададци, ЈП „Комуналец“, фирмите донатори како и ангажираните волонтери работат на уредување на спомен паркот “12 Ваташки младинци“ во месноста Моклиште кај Ваташа.

 

Во тек се завршните работи од хортикултурното уредување на целокупната површината од спомен паркот. Паралелно се работи на расчистување и санирање на старите пристапни патеки, а се формира и нова патека од спомен чешмата под регионалниот пат до платото пред споменикот.

 

 

На двете страни од спомен обележјето посадени се украсни грмушки, како и по 12 зимзелени дрва од видот туја, кои ги симболизираат 12 прерано згаснати животи на ваташките младинци.

 

Спомен обележјето на Моклиште ќе биде целосно уредено за јубилејот 75 години од стрелањето на дванаесетте ваташки деца.

 



Share

Додади коментар