Во Македонија има недостиг од кадри со техничко средно и високо образование, а наспроти тоа се продуцираат вишок кадри од општествените науки. Ваква е оценката и на македонските компании, а иста потврда доаѓа и од Агенцијата за вработување. Апелот е час поскоро младите да се одлучуваат за техничките науки, бидејќи само на тој начин можат да дојдат до сигурно вработување во Македонија.
„Јас секогаш им препорачувам на родителите и на младите лица пред да одберат образование да си направат тест за професионално образование кое е бесплатен. Го има кај нас, го има во училиштата, но гледам дека слабо се користи. Со тоа ќе се даде насока на младиот човек во која насока да оди. Се надевам дека во наредниот период многу млади лица ќе се одлучуваат за техничките струки. Заситеноста од општествени науки е се поголема и поголема. Во последните неколку години имаме наплив на високо образовани кадри кои се од општествена наука, кои тешко може да вработат. Се вработуваат под друга струка, во други работни позиции од оние што ги имаат добиено во образовниот процес. Се надевам дека пак во Република Македонија ќе бидат примат техничките училишта и техничките факултети како што тоа беше во деведесетите години“ изјави денеска во Кавадарци, директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски кој го отвори саемот за вработување на кој компаниите од Кавадарци и околината имаа директна комуникација со невработените лица.
Поповски нагласи дека во македонските училиште практичниот дел во наставата е многу мал и мора во наредниот период да се зголемува.
„ Германија, Австрија, Франција многу вложуваат во практичниот дел на образованието. Мора да се врати приматот на практичното образование бидејќи тоа е единствениот начин како многу брзо да се дојде до работно место а и да имаме квалитетни кадри кои ќе им ги понудиме на компании кои можеби ќе дојдат во земјава или на домашните компании кои бараат квалитетни кадри. Ние во овој момент имаме краткотрајни обуки за да го премостиме јазот но тоа една ден ќе заврши и мислам дека образованието мора да се вклучи во обезбедувањето на квалитетни кадри“ рече Поповски.
Агенцијата за вработување во моментот подготвува нов проект со кој ќе се подржат старите занаети кои се во изумирање. Директорот на агенцијата информира дека сите кои усепшно ќе ја завшат обуката од старите занаетиќе добијат грант од 4.000 евра за сопствен бизнис.
„ 90 отсто од работните места се занаетчиски профили,. Дали тоа е бравар, лимар, заварувач, тоа се е занает. Недостигаат водоводџии, плочкари, градежници. Како Агенција се трудиме да ги ставиме во живот тие стари занаети. За кратко време почнуваме со една нова мерка која се вика „Стари занаети и нивно зачувување“. Деновиве треба да ја завршиме документацијата со коморите во РМ и сите оние кои ќе завршат обука за стар занает им гарантираме добивање на грант по завршувањето на обуката. Независно дали има оглас или нема оглас, се завршува успешно обуката и за еден месец најкасно ќе им ги исплатиме средствата од 4.000 евра за отпочнување со свој бизинис“ нагласи Поповски.
Недостигот на технички профили го нагласуваат и компаниите во земјава. Од „Фени индустри“ апелираат до матурантите да ја следат побарувачката на пазарот на трудот и на тој начин да одлучат за своето образование.
„Барем на локално ниво се чувствува недостаток на кадар од технички струки и тоа веќе претпоставувам ќе стане и поголем проблем заради тоа што тенденцијата која ја следиме на локално ниво е сосема за наши потреби несоодветна и дури препорачувам при изборот на идно занимање, еве младите матуранти да консултираат соодветни институции, да ги следат потребите на пазарот и да се запишуваат на конјуктурни занимања, не на занимања во кои неможат понатаму да се реализираат како дипломци. За жал таква е состојбата и такви се условите во моментов на македонската економија“ рече Ана Андова од тимот за човечки ресурси во „Фени индустри“.
Ангел Данов

Додади коментар