Колева: СДСМ инвестираше во подобрување на патната инфраструктура во Кавадарци за разлика од инвестициите во барок на ВМРО-ДПМНЕ
22-02-2022 РЕГИОН

Во изминативе четири години Владата предводена од СДСМ реализираше голем број на проекти во делот на патната инфраструктура овде во Кавадарци – ракција на пратеничката Даниела Колева на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.

 

 

(интегрален текст од писмената реакција)  СДСМ преку централните институции инвестира во подобрување на патната инфраструктура во целата држава, а посебно во Кавадарци, за разлика од инвестициите во барок и споменици на ВМРО-ДПМНЕ.  

 

Во изминативе четири години Владата предводена од СДСМ реализираше голем број на проекти во делот на патната инфраструктура овде во Кавадарци.

 

Имено направивме рехабилитација на патот Кавадарци - Росоман во вредност од 800.000 евра, реконструкција на влезот на градот од Глишиќ во вредност од 500.000 евра, влез од Росоман во вредност од 320.000 евра.

 

Направивме рехабилитација на патот Возарци-Раец- Фариш во вредност од 1.565.000 евра, Горна Бошава - Долна Бошава во вредност од 320.000 евра, како и реконструкцијта на улиците во централното градско подрачје “Илинденска”, “Браќа Џунови” и “Пионерска” во рамки на проектот за локални и регионални патишта.

 

Очекуваме од советничката на ВМРО- ДПМНЕ да ги посети и овие реализирани проекти и да ја поздрави интенцијата на Владата која инвестира во патна инфраструктура во Кавадарци, за разлика од претходната Влада која не реализира ниту еден капитален проект десет години во нашата општина.

 

На толку голем број реализирани проекти во Кавадарци, останат е мал дел кој ќе се реализира во најбрз можен рок. Во очај и недостиг на аргументи,немајќи ниту една дамка во работењето, неосновани напади се единствено решение.

 

Апелирам советничката да се фокусира на нови конструктивни предлози и идеи во Советот на Општина Кавадарци, зошто досегашната неактивност единствено ја покажува неспособноста и неагилноста на советниците од ВМРО-ДПМНЕ.



Додади коментар