Колева: Нека е честит 24 јануари - меѓународниот ден на образованието
24-01-2024 РЕГИОН

Почитувани професори, наставници, учители и сите вработени во образовниот процес, драги наши ученици, вие сте столбот и иднината на државата - вели во писменото обраќање пратеничката Даниела Колева


(интегрален текст) Токму заради тоа, сакам да Ви го честитам Меѓународниот ден на образованието, со цел и фокус кон усвојување уште поприменливи знаења, стекнување неопходни и практични вештини, соодветни за потребите на пазарот на трудот, како и унапредување на процесите за изведување на воспитно - образовна настава која е предуслов за успех во учењето и наобразбата.

 

Преку образованието подобро се разбира реалноста и сите општествени процеси и се едуцираат учениците за иднината и затоа е круцијално наставникот да ја разбуди креативноста во изразувањето кај своите ученици. Мотивацијата на сите вработени во образованието е клучна, за успешно спроведување на пренесување и давање на знаењето, но и љубовта и желбата да се научи, да се даде, да се усвои, да се примени.

 


Последните 6 години, платите на вработените во образованието се покачени за повеќе од 60%, со тенденција за раст и оваа и следните години, на вработените за првпат после дваесет години им беше исплатен РЕГРЕС за годишен одмор од 10.000 ден., сите објекти во нашиот град се веќе реконструирани од страна на Министерството за образование и наука и сите основни училишта опремени со целосно нови кабинети за природни науки. Таму каде што немаше училишна спортска сала МОН изгради целосно нови спортски сали. Стипендиите за учениците и студентите се двојно покачени а 40.000 студенти користат финансиски средства за субвенциониран студентски оброк. Во настава се вклучени и 820 образовни асистенти кои се поддршка на учениците со попреченост во училиштата.

 

Средното стручно образование е повторно актуелно, благодарение на успешните мерки и политики на ВЛАДАТА и во моментот има 12.000 ученици вклучени во дуално образование, 61 средно стручно училиште и 450 компании со 70 различни профили на ученици кои истовремено учат и се стекнуваат со практични знаења преку пракса во компаниите во кои ќе работат. Со започнување на изградба на затворениот базен во Кавадарци од страна на Агенцијата за млади и спорт, кој ќе биде првенствено користен од учениците, докажавме дека инвестирањето во учениците, во студентите, во младите, ни е исклучително важно и најважен приоритет. Образованието е приоритет на секоја држава која сака да се движи во нагорна линија и да остварува напредок.

 


Нека е честит 24 јануари - Меѓународниот ден на образованието.



Share

Додади коментар