КОЖУВЧАНКА ДОО – ПАРТНЕР ЗА РАЗВОЈ НА СТРУЧЕН КАДАР ВО НАШАТА ДРЖАВА!
27-09-2023 РЕГИОН
Компанијата Кожувчанка од Кавадарци се приклучува во реализација на швајцарскиот проект воден од М6 Едукативниот центар, за образование за вработување во нашата држава.
Овој месец, на 20-ти, на настан во Кавадарци повеќе компании од приватниот сектор, помеѓу кои и Кожувчанка ДОО, го најавија своето партнерство со кое ќе помогнат во развој на стручниот кадар кај нас.
На панел дискусијата “Патека кон прогресот: Вклучување на приватниот сектор во професионалното образование” говореа Амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман, Светозар Јаневски, Претседател на Управниот одбор на ВВ Тиквеш, Митко Јанчев, Градоначалник на Општина Кавадарци и Горан Митрески, Генерален директор на Кабтел.
“Препознаваме, помагаме и секогаш се стремиме да бидеме дел од значајни проекти за нашите граѓани и нашата држава. Сите кои имаме можност треба да се заложуваме за доброто на општеството во кое живееме. Кожувчанка и останатите компании, со ова партнерство покажуваат дека се за развој на иновации, како и за економски и социјален просперитет на земјата.” – изјави, Генералниот директор на Компанијата Кожувчанка, г-ѓа Јанинка Чупаркоска.
ПР објава
Додади коментар