Компанијата Кожувчанка како општествено одговорна компанија донира 100.000 шишиња негазирана природна вода Изворска и 22.000 лименки безалкохолен пијалок Sinetta, на регионалниот пункт за вакцинација во град Кавадарци кој е домаќин за масовното вакцинирање наменето за сите заинтересирани граѓани од: Кавадарци, Неготино, Велес, Градско, Росоман, Демир Капија, Валандово, Дојран и Гевгелија. Кожувчанка од своите производи донира и за останатите регионални пунктови каде што се извршува масовна вакцинација.
Со тоа докажуваме дека сме одговорен поборник онаму каде што е најпотребно. Во последната година откако започна пандемијата, неизмерно поддржуваме голем број на клиники и Ковид центри насекаде во нашата држава со негазираната природна вода Изворска.
И во овие тешки моменти нашата компанија несебично помага онаму каде што е потребно. Чест и задоволство ни е што и во овие моменти на вакцинација и имунизација го правиме истото. - се вели во изјавата од КОЖУВЧАНКА ДОО
Додади коментар