Ковид 19: Починаа уште двајца кавадарчани на ковид одделот во кавадаречката болница
12-11-2020 РЕГИОН
Се зголемува бројот на нови позитивни на корона вирус, но и смртноста поради компликации од вирусот во Тиквешијата. Денеска од општа болница информираа дека на ковид одделот починале уште двајца позитивни пациенти на возраст од 74 и 77 години.
„Починатите имаа сериозни коморбидитети. Во моментот на одделот се хоспитализирани 42 ковид пациенти“ информираше директорот на болницата, д-р Диме Коцев.
Меѓу починатите е и дедото на двете момчиња кои починаа од ковид минатата недела.
А.Д

Додади коментар