КОВИД 19: Нови 12 ковид позитивни, починати 4 лица во Тиквешијата
16-11-2020 РЕГИОН

Четири лица од Тиквешијата, двајца од Кавадарци, и по еден од Неготино и Росоман во изминатото деноноќие ја загубиле битката со корона вирусот, потврдија денеска од Центарот за јавно здравје во Кавадарци.

 

Во изминатите 24 часа, заклучно до 14.20 часот дијагностицирани се 12 нови ковид позитивни во Тиквешијата. Три случаи има во Кавадарци на возраст од 30 до 68 години, осум во Неготино на возраст од 16 до 48 години и еден во Демир Капија на 39 годишна возраст.


„Позитивна на вирусот е и наставничка од Росоман. Во изолација се ставени две одделенија со вкупно 23 ученици“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски и нагласи дека сеуште се чекаат резултати од направени тестирања.

 

А.Д



Share

Додади коментар