Ковид 19: Двајца починати во Кавадарци, 29 нови случаи во Тиквешијата
17-11-2020 РЕГИОН

Две лица на возраст од 67 и 72 години од Кавадарци во изминатото деноноќие ја загубиле битката со корона вирусот, информираа од Центарот за јавно здравје во Кавадарци.

 

Во изминтите 24 часа, ( заклучно со денес до 13.40 часот) дијагностицирани се 29 нови позитивни случаи на ковид 19 во Тиквешијата.

12 нови случаи има во Кавадарци, 13 во Неготино и по два во Росоман и Демир Капија. Новите позитивни се на возраст од 18 до 72 години.

 

„Меѓу новите позитивни денеска има и еден позитивен ученик од основно училиште во Неготино. Во изолација се ставени 18 ученици и двајца наставници“ информира епидемиолог, д-р Ристе Јовановски.

 

На ковид одделот во кавадаречката болница хоспитализирани се 39 пациенти.

 

А.Д



Share

Додади коментар