Ковачевски во Кавадарци: Поевтината струја за компаниите од 80 евра по мегават час, ќе ја намали цената на храната
05-11-2022 РЕГИОН

Премиерот Димитар Ковачевски ја посети првата млекара во Тиквешијата, „Млечен пат“ во Кавадарци, каде имаше можност да го види производството на компанијата и со вработените и сопствениците да продискутира за мерките кои Владата ги презема за ублажување на последиците од светската енергетска криза.

 

„Задоволство е кога домашни семејни компании се развиваат, ги унапредуваат процесите на производство за зголемување на истото, вработуваат и придонесуваат во економскиот развој на локално ниво. Владата силно ги поддржува овие компании, и во услови на најголемата светска енергетска криза да продолжат со своето темпо на развој и да ја одржуваат ликвидноста. Секоја компанија е важна и секој вработен во неа. Токму затоа и јас, како претседател на Владата инсистирам секоја мерка, помош, субвенција, поддршка за граѓаните и економијата, што ја носиме да биде праведна и сеопфатна. Оваа Влада мисли на сите“ изјави Ковачевски.

 

 

Ковачевски: Со новиот модел за субвенции ги јакнеме стратешките земјоделски гранки за зголемено домашно производство на храна

 

„Овде во Кавадарци, како што кажав се наоѓаме во посета на семејната винарија Јаковлевски, винарија со семејна традиција долга повеќе од 50 години. Тие по долги години работа, се регистрираа во 2020 година, ги искористија измените што ги направивме на Законот за вино, токму со цел да им помогнеме на малите винарии да се развијат и да го зголемат своето производство“ изјави Ковачевски.

 



Share

Додади коментар