Книгата „Го сакам Кавадарци“ поделена на 181 млад кавадарчанец кој наполнил 18 години
18-01-2021 РЕГИОН
Продолжува реализацијата на проектот "ГО САКАМ КАВАДАРЦИ" -КНИГА ЗА НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ кој започна на 1 септември минатата година.
Станува збор за книга која ја добиваат младите од Општина Кавадарци кои влегуваат во полнолетство.
Во книгата е сместено буквално се, од историски податоци и фотографии се до денес, до тоа како се градеше и гради едно модерно Кавадарци. Со помош на книгата младите ќе можат и поблиску да се запознаат со својот роден град но и да им раскажуваат на идните генерации. Целта на проектот според градоначалникот Митко Јанчев, кој е и иницијатор на овој проект, е младите кавадарчани многу поодблизу да си го запознаат својот роден крај, да дознаат многу детали и факти за градот, околината,да видат и да се потсетат како живееле нивните родители нивните баби и дедовци и како Кавадарци растеше и се развиваше низ историјата па до денес.
И како што пишува во воведот на книгата : „ „Го сакам Кавадарци“ нека биде книга која ќе ја носиш секогаш со тебе. Нека те потсетува на малото внимание од општината за твојот најдраг роденден и за убавините во кои си роден. Нека те потсетува на детството и твоето чекорење кон светот на возрасните. Нека те потсетува на градот што те сака, твоето родно Кавадарци“.
Од општината информираат дека од почетокот на овој проект па се до денес, во град Кавадарци подарок имаат добиено 161 жител кој наполнил 18 години.
Исто така подарени се книги и во селата во Општина Кавадарци:
-с.Возарци - 3
- с.Ваташа - 9
- с.Сопот - 4
- с.Дреново - 2
- с.Линово 1 и
- с. Шивец 1.
Додади коментар