Климатските промени ги плашат лозарите

Сонцето ни го прже грозјето, што да правиме, како да се однесуваме. За ова најчесто се интересирааат лозарите од Тиквешкокога се во прашање климатските промени. Тие се обидуваат одговор на многу нивни прашања поврзани со климатските помени да побараат кај реномирани професори и стручни лица кои можат да им помогнат со совет околу тоа што треба да се преземе во вакви услови на нагли промена на климата.

Како и колку штити мрежата во лозјата од штетното зрачење на сонцето, дали треба да ја отстрануваат вишокот лисна маса од лозите и колку, дали е препорачливо затревување на меѓуредовите во најголемиот лозаровинарски регион во Македонија и слично. На сите овие прашања тие добиваат конкретни одговори и совети кои во иднина треба да ги спојат со нивното искуство во борбата против климатските промени кои му се закануваат на светот.

УСАИД веќе започна проект со кој се едуцираат земјоделците како поспремно да ги дочекаат климатските промени. Директорот на проектот Петар Ѓорѓиевски нагласува дека земјоделците треба да знаат како да се однесуваат при промените на климата кои и те како влијаат на нивното земјоделско производство. Затоа и го организираа караванот кој патува низ населени места во државата а има за цел да ги насочи земјоделците како да се справат со климатските промени.

-Овој караван го започнавме со слоганот-Поплава, суша, студ, да го спасам мојот труд, слоган кој во себе ги содржи сите оние предизвици кои ги носат климатските промени со кои денес македонскиот земјоделец се среќава и ќе треба што поефикасно да се справува и во иднина- кажува Ѓорѓиевски.

Светлана Дарудова



Share

Додади коментар