Фени индустри ги засили своите редови со двајца странски кошаркари, откако кавадаречкиот клуб денеска потпиша договори со Американците Лук Мејер и Доминик Елиот.
Мејер е крилен кошаркар со одлични предиспозиции кој доаѓа од Универзитетот ЦМУ (Централ Мичиген), каде ланската сезона постигнуваше по 9,8 поени и 4,8 скокови по натпревар.
Што се однесува до Доминик Елиот, кошаркар кој најдобро се снаоѓа како крилен центар. Првиот европски ангажман му беше во словенечкиот АБА-лигаш Крка, а ланската сезона настапуваше најпрвин во Швајцарија, а потоа и во исландскиот прволигаш Кефлавик.
Претходно Фени индустри потпиша договор и со капитенот Јане Петровскикако и со предраг Пајиќ, а се очекува во текот на оваа седмица да бидат ангажирани и уште неколку домашни играчи. Ако кон овие ги додадеме оние домашни производи од калибарот на Милков , Кицев , Златев , Плачков и др. Фени е на добар пат да направи конкурентен тим и оваа сезона
Додади коментар