Пратеникот Бетиане Китев денеска на прес конференција се осврна на законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови на физички лица. „Со овие мерки директно го подобруваме и олеснуваме животот на сите граѓани“ рече Китев.
(интегрален текст) СДСМ е одговорна партија која се грижи за сите граѓани.
Преземаме конкретни мерки за унапредување на животниот стандард на граѓаните.
Имено минатата недела Собранието го изгласа Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, предложен од Владата предводена од СДСМ.
Со овој Закон го решаваме проблемот со старите судски и извршни предмети кој што беа трансферирани кај извршителите и нотарите во 2011 година, како и предметите дадени за наплата на долгови пред извршителите заклучно со 31.12.2017 година.
Со оваа мерка целосно се бришат каматите на долговите и каматите на трошоците во постапката што граѓните ги имаат кон јавните препријатија, основани од општините и државата.
На овој начин се бришат над 10 милиони евра долгови на илјадници семејства, пари што сега остануваат во нивните буџети.
Доверителите во државна или јавна сопственост се должни во рок од 3 месеци од стапувањето на сила на овој закон, да направат целосен отпис на каматите.
Покрај ова Законот обезбедува репрограмирање на старите долгови, односно на граѓаните им овозможува своите долговите да ги плаќаат на рати.
Со овие мерки директно го подобруваме и олеснуваме животот на сите граѓани.
Граѓаните ги препознаваат овие политики и на 12-ти април истите ќе ги поддржат.
Додади коментар