Китев: Драго ми е што противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ собра храброст и прифати тв дуел
18-10-2017 РЕГИОН
Телевизиската дебата е стандард и пракса во секоја демократска земја. Драго ми е што противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ конечно собра храброст и прифати ТВ дуел каде би ги соочиле аргументите од нашите програми и нашата визија и концепт за развој на Кавадарци.
Граѓаните на Кавадарци заслужуваат да во една коректна телевизиска дебата ги споредат способностите и квалитетите на кандидатите и да направат слободна одлука.
Ги повикувам локалните телевизии од Кавадарци да одредат термин кога би била дебатата. Јас сум отворен за дебата во било кое време.

Додади коментар