Китев: До крај на следната недела Фени ќе добиел нови сопственици и ќе се исплатат долговите
07-10-2017 РЕГИОН
Заедно со транспортерите и доверителиоте на ФЕНИ Индустри, бевме во Владата на Република Македонија на средба со вице-премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Разговаравме за состојбата во ФЕНИ, за исплатата на плати и исплатата на доверителите. Анѓушев вети дека до крајот на следната недела ФЕНИ ќе добие нови сопственици, кои ќе ги исплатат долговите кон доверителите, меѓу кои и на транспортерите превозници кои работат за ФЕНИ.
И како иден градоначалник, секогаш ќе бидам прв поборник за правата на сите мои сограѓани и за решавање на проблемите на Кавадарчани. - оваа информација на фан страната ја сподели кандидатот за градоначалник на Кавадарци од редовите на СДСМ, Бетиане Китев.
Додади коментар