Пратеникот во собранието на Република Македонија, Бетиане Китев денеска на прес конференција ги повика кавадарчани во недела да излезат на гласање, бидејќи како што нагласи, единствено од граѓаните зависи перспективата на Македонија.
(Интегрален текст)
Почитувани сограѓани. Недела е ден за историска одлука. Во недела носиме одлука за нашата иднина и иднината на нашите деца.
Единствено од нас граѓаните зависи перспективата на Македонија.
Дали ќе одлучиме да тргнеме напред и да изградиме модерна, современа и европска држава.
Држава која функционира по правила, ред и закон.
Или пак ќе одлучиме и понатаму да тапкаме во место.
Дали ќе избереме интеграција или изолација.
Јас искрено верувам во мојот народ.
Јас искрено верувам во мудроста на моите сограѓани.
Јас сум силно убеден дека во недела ќе донесеме мудра одлука за нас и нашата држава.
Во недела не гласаме за политички партии.
Во недела не гласаме за политички лидери.
Не гласате ниту за СДСМ, ниту за ВМРО-ДПМНЕ.
Во недела секој гласа за себе.
За сопствената иднина.
За иднината на неговите најблиски.
Затоа драги мои кавадарчани ве повикувам сите, без разлика на вашата политичка, етиничка, верска и секаква останата припадност, во недела на 30-ти септември да излеземе и да гласаме ЗА.
Да гласаме за просперитетна иднина.
Да гласаме заедно ЗА Европска Македонија.
Додади коментар