Ученици од основните и средните учичишта од Кавадарци денеска ги покажаа своите знаења од областа на против пожарната заштита на квиз натпреварот што во организација на Републичкиот против пожарен сојуз во соработка со општинскиот се одржа во гимназијата „Добри Даскалов“.
Претседателот на општинскиот проитв пожарен сојуз Петко Ристовски денеска во изјавата за медиумите нагласи дека подигнат е степенот на едукација како кај помладите така и кај постарите кога станува збор за заштитата од пожари.
На денешното натпреварување учениците покажале одлични познавања. Организаторот е задоволен од тоичноста на одговорите кои ги даваа учениците на поставените прашања.
Од основните училишта првото место го освои ООУ „Тоде Хаџи Тефов“, второто ООУ„Тошо Велков Пепето“ и третото место учениците од ООУ „Гоце Делчев“.
Првото место од средните училишта го освоија учениците од гиманзијата „Добри Даскалов“, второто им припадна на учениците од СОЗШУ „Ѓорче Петров“, а третото на СОУ „Ќиро Спанџов Брко“.
А.Д

Додади коментар