Кванташкиот пазар во Росоман на нова локација
30-06-2015 РЕГИОН
Од утре и официјално кванташкиот пазар во општина Росоман ќе работи од нова локација.Денеска се финализираа последните подготовки, а теренот е чист и подготвен од утре да одговори на потребите и на производителите и на откупувачите.
Старите простории на Душан Ќирич беа привремено решение и иницијатива на граѓаните и на дел од советниците. Плодна работ оваа сезона од кванташкиот пазар на новата локација очекува градоначалникот на општина Росоман Стојанче Лазов.
Со кванташкиот пазар ќе стопанисува ЈКП од Росоман. Негова ќе биде обврската за одржување и одлуката дали ќе има и колку ќе изнесува таксата.
Милица Младенова

Додади коментар