Кај жител на Горно Оризари пронајдено стебло марихуана
25-11-2015 РЕГИОН

Секторот за внатрешни работи Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против Х.Б. (1964) од село Горно Оризари-општина Велес, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ .

 

            По претходно добиени оперативни сознанија со наредба од надлежен суд во месец  Октомври извршен е претрес во домот на пријавениот во село Горно Оризари, каде во дворот од куќата пронајден е еден корен „Канабис Сатива“ (марихуана) со висина од 230см. 

 

Стеблото марихуана е одземено и над истото  извршено е вештачење во Крим. Техника при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

            Пријавениот и претходно е пријавуван за вакви и слични кривични дела, за што му се изрекувани и затворски казни, стои во известувањето од Канцеларијата за односи со јавноста при СВР Велес.



Share

Додади коментар