Кај двајца неготинци полицијата пронашла марихуана и пари
08-10-2021 РЕГИОН

Синоќа во 18.40 часот на ул.„Даме Груев“ во Неготино,  
полициски службеници од Полициската станица Неготино ги лишиле од слобода В.К.(32) и Д.К.(59), двајцата од Неготино.
 
 
При претрес во нивниот дом и помошни простории,  извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и пари.
 
 
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе  биде поднесена соодветна пријава - информираат од СВР Велес.


Share

Додади коментар