Канал5: ОБСЕ/ОДИХР ги почнува подготовките за мониторинг на изборите на 5 јули

ОБСЕ/ОДИХР објави конкурс за ангажирање експерти од различни области кои треба да го следат изборниот процес, се наведува во соопштението објавено денеска на веб страницата на организацијата..

Мисијата ќе биде во траење од три недели, а сите кандидати треба да бидат на располагање за извршување на задачите од 19 јуни, стои во соопштението.

Информацијата дека мисијата со седум експерти ќе дојде во земјава за околу пет дена, за Канал 5 ја потврди и портпаролката на организацијата, Катја Андруш..



Share

Додади коментар