Под мотото „ На секое дете му е потребно семејство“ Центарот за социјални работи Кавадарци одржа трибина на која се говореше за значењето на згрижувачките семејства за децата на кои им е потребен топол дом. Присутни на трибината беа претставници на урбаните и месните заедници од општините Кавадарци и Росоман, како и семејства кои веќе имаат згрижено деца во своите домови. Сите можности кои им се нудат на згрижувачките семејства, правата и обврските ги претстави директорката на Центарот за социјални работи Вања Маневска и стручните лица од центарот.
„ВО моментов во Кавадарци се регистрирани четири згрижувачки семејства. Има и други семејства кои се пријавиле и чекаат да им биде доделено дете за чување. Се надеваме дека ќе има уште хумани граѓани кои ќе ги отворат своите домови. Основната цел на овој проект е да овозможиме здрава семејна средина за лицата на кои тоа им е потребно“ рече Маневска.
Како згрижувач може да се јави секој кој сака да им помогне на децата кои се наоѓаат во моментално тешки услови. Домот на Јашие Алиова од Кавадарци е отворен за осумгодишно дете кое имало потреба од згрижувачко семејство. Таа е задоволна што може своето слободно време да го посвети на одгледување на ова дете.
Како згрижувач добивате паричен надоместок, надоместок за трошоците за сместеното лице и надоместок за згрижувње.
Овој надоместок е зголемен за 25 %, па така надоместокот за сместено дете и згрижување 8.125 денари, надоместок за сместено дете без родители и родителска грижа и дете со воспитно социјални проблеми на училишна возраст 9375. Надоместок за сместено дете со наршено општествено поведение и дете со умерени и тешки пречки воо менталниот развој 10.625 денари
А.Д
Додади коментар