Календарски есента ќе почне во недела на 22 ри во 22 часот и 44 минути

Есента на северната хемисфера на Земјата календарски почнува на 22 септември (недела) во 22 часот и 44 минути. Истовремено на јужната полутопка ќе настапи пролетта.Есента ќе трае 90 дена и ќе заврши на 21 декември во 18 часот и 11 минути.На денот на почетокот на есента Сонцето ќе изгрее во 6 часот и 27 минути, а ќе зајде во 18 часот и 38 минути.

Во моментот на доаѓањето на есента Сонцето ќе биде оддалечено од Земјата 150.122.034 километри, а тоа растојание сончевите зраци до планетата ќе го поминуваат за 8 минути и 21 секунда.  На првиот есенски ден времето во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени.Во Кавадарци традиционално денот на есента се прославува низ основните па и не ретко и средните училишта. Основците најчесто почетокот на есента го одбележуваат со културни програми или еколошки акции за чистење на училиштата и просторот околу истите, а во поново време во име на есента присутни на еколошките акции, но со засадување на млади садници се и средношколците.

Сепак најрадосни на доаѓањето на новото годишно време очекувано и овој пат ќе бидат најмладите од детската градинка Рада Поцева.Тие како што ги дочекаа летот и пролетта така со приредба ќе ја дочекаат и есента. Ќе пеат и рецитираат за нејзината златна убавина, жолтите паднати лисја, ветерот и есенскиот дожд. Според првите метеоролошки најави пак дождот оваа есен нема да го имаме толку често. Тие велат дека до крајот на септември не очекува стабилно и прилично топло време, а есента ќе заврши без многу разлики од претходната.



Share

Додади коментар