Каков гроздобер ги чека лозарите годинава?
18-07-2016 РЕГИОН

Доаѓа уште еден нов гроздобер. Повторно ќе се бери винското грозје од новата реколта, а пред лозарите е исправена уште една голема неизвесност. Ќе има ли кој да го купи целото грозје и ќе имаат ли кондиција визбите  да платат во скратениот рок за откупениот род. Овие прашања ќе добијат одговор кога ќе почне бербата, но им задава мака на производителите на грозје уште пред самиот старт.

 

Се погласно се шпекулира дека визбите немало да купуваат бело грозје. Немало да се потпишувале ниту  договори со лозарите. Доколку ваквите шпекулации се остварат тогаш ќе има хаотичен откуп на винското грозје. Со измените на законот за земјоделство, сега грозјето наместо за 6 месеци ќе треба да се исплаќа во пократок рок, или за три месеци по откупот. Дали визбите ќе имаат пари да плаќаат, ако се земе во предвид дека и на подолг рок тие неможеа да си ги плаќаат обврските. И сеуште има винарии кои го немаат целосно исплатено откупениот род од лозарите.

 

Советничката од ГРОМ, Божанка Минова, на последната седница на советот на општина Кавадарци предложи и советот да расправа за состојбата во лозарството. Најверојатно на наредната седница ќе се зборува на тема, а во меѓувреме градоначалникот доби задолжение  да изврши застапување за решавање на проблемот околу не потпишување на договори за откуп за претстојната винска реколта кај винариите од Кавадарци и Неготино. По направените контакти, градоначалникот треба да ги информира советниците. Ваквиот заклучок е доставен и до пратениците во собранието на Р. Македонија.

 

Дали говорницата на советот ќе биде искористена за празни политички дискуии и препукувања или навистина ќе се понудат предлози за полесно завршување на бербата ќе покаже времето.

Aнгел Данов



Share

Додади коментар