Какво време ќе имаме неделава?

Во Македонија по студеното и магловито утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 20 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -3°С до 7°С,  а максималните дневни температури ќе достигнат до 10°С односно до 18°С.

 Во вторник ќе биде умерено облачно и ветровито. Во попладневните часови зголемување на облачноста која во вечерните часови и во текот на ноќта ќе услови врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, кој понекаде ќе достигне брзина и до 20 км/ч. Утринските температури од 0°С до 9°С, а максималнитет дневни температури ќе се движат од 9°С до 15°С.

 Во среда ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 2°С до 10°С, а максималните дневни температури од 11°С до 18°С.

 Во четврток ќе биде умерено облачно, а во вечерните часови и во текот на ноќта нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 3°С до 10°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 11 односно до 18°С.

 Во текот на ноќта четврток кон петок и во петок во утринските часови се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд.

 Во петок во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Во доцните попладневни и во вечерните часови врнежите постепено ќе престануваат. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 5°С до 12°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 9°С до 16°С.

 

http://weather4all.com.mk



Share

Додади коментар