Кавадарчанката Мартина Танева на математичка олимпијада во Швајцарија
07-04-2017 РЕГИОН

На математичка Олимпијада на светско нивно деновиве се натпреварува и нај талентираната млада математичарка од Кавадарци Мартина Танева.  Станува збор за олимпијада специјализирана само за девојчиња во која право на учество имаат најдобрите четири млади дами математичари од секоја држава, ученички во средно училиште.

 

Мартина Танева е претставничка на Македонија која заедно со уште три ученички средношколки ќе ги бранат црвено жолтите бои на една од нај реномираните Олимпијади која се одржува во Цирих, Швајцарија.

 

Учествуваат 49 земји, а на патот до Швајцарија на Мартина и претходеа освоените високи бодови на Азиско Пацифичката Математичка Олимпијада која е второ рангирана веднаш после интернационалната математичка олимпијада.Нашите претставнички шест дена ќе престојуваа во Цирих.Денеска е денот во кој се бираат задачите, а утре и во недела математичарите полагаат.

 

Понеделник и вторник секој од натпреварувачите се враќа во својата земја, а ние во среда ја очекуваме Танева повторно со највисоки резултати. До лани Мартина како ученик во ООУ Димката Ангелов Габерот беше најуспешна во математика кај основците, веќе годинава како средношколец таа гордо ги брани боите на Македонија и тоа на највисоко рангираните светски олимпијади.

 

Милица Младенова



Share

Додади коментар