Здравје, мир и спокојство во семејствата беа главните желби на кавадарчани денеска на чествувањето на заштитничката на градот Св. Преподобна маченичка Параскева Римјанка, Света Петка. Стотици верници присуствуваа на Светата Божествена литургија со која утринава чиноначалствуваше Митрполитот на Повардарската Епархија, г.Агатангел. Потоа верниците се упатија кон новата црква што бизнис секторот од Кавадарци и граѓаните и ја посветија на заштитничката на градот, Света Петка. Сите беа радосни и ја коментира убавината на објектот што не цели три години се градеше во византиски стил во новиот центар на Кавадарци.
Благослов и честитки по повоид денешниот празник до сите кавадрчани упати Митрополитот на Повардарската Епархија г.Агатангел.
„За три години ја издигнавме црквата посветена на Света Петка и двата параклиси, едниот на на Св. Јован Крстител, а другиот на Свети Климењнт Охридски. Култот на ова светителка е нашироко распространет во православието. Сите верници бараме помош од неа. Ако течат работите како досега верувам дека за две години ќе се собериме и ќе ја осветиме црквата. Сега е потешката, поспецифичната работа. Ако сакаме убаво, нема потреба да се брзаме. Кога ќе ја направиме оваа црква од корен ќе ја реновираме и црквата Свети Димитрија. Вакви културни споменици многу ретко се градата. По 150 години од кога е изграден храмот Свети Димитрија во Кавадарци градиме нова црква. Мир спокојство и добрини во сите македоски смејства.“ рече Агатангел.
Претседателот на иницијативниот одбор за изградба на црквата, Митко Јанчев, сопственик на Кожувчанка и еден од поголемите донатори е задоволен од досега сработеното.
„За неполни три години направивме објект кој што е дојден до фреско живопис. Имаме се помасовно вклучување на фирми, верници , наши сограѓани со донации во изградбата на црквата“ рече Јанчев.
Градоначалникот Александар Панов искажа големо задоволство што во градот се издигна новиот верски објект.
„ Нема човек кој не би се чувствувал пријатно, кога нешто што било само во мислите добило тело. Во склад со канонските правила и во склад со проектот на архитектот имаме прекрасен објект. Многумина од Македонија ни завидуваат на овој објект и сакаат да го имаат овој објект во својот град“ рече градоначалникот.
Фени индустри е најголем донатор за изградба на црквата. Директорот Никола Ризов им порача на кавадарчани да веруваат во Бога и достојно да го користат и новото место за духовно спокојство.
„ Владиката ме донесе од Велес да изградам убава црква и во Кавадарци. Дојдов за да му оставам на кавадарчани убава црква за целиот живот. Да не споменуваат внуци и правнуци. Имавме подршка од сите што се вклучени во изградбата. Го честитам денешниот празник. Ова е еден подарок за сите верници на Кавадарци и цела Македонија“ рече во пораката до граѓаните на Кавадарци мајстор Ристо од Пустец –Албанија, кој со својата тајфа во изминативе три години му даваше душа на каменот и изгради прекрасен црковен храм во градот на грозјето и виното.
Митрополитот на Повардарската Епархија, г. Агатангел упати честитка и до сите верници муслимани по повод нивниот голем празник Рамазан Бајрам. Им порача и тие да ја сакаат Македонија, бидејќи сите заедно живееме во неа.
Додади коментар