Кавадарчани фрлаат храна - се прават напори таа да се донира
13-09-2018 РЕГИОН

 

 

И во Кавадарци се фрла храна, се прават напори таа да се донира за социјално загрозени семејства. Претседателот на еколошкото друштво “Еко-живот”, Роберто Паризов денеска информираше дека ќе раководат со кавадаречкото претставништво на Банката за храна.

 

   -Постои интерес кај компании и физички лица што произведуваат или дистрибуираат храна, кои сакаат да донираат дел од неа. Веќе е разговарано со нив и деновиве ќе бидат склучени договори за соработка, а меморандум за соработка ќе биде потпишан и со Локална самоуправа Кавадарци, рече Паризов.

 

   Тој нагласи дека целта е вишокот храна да не завршува на некоја од депониите, туку да се подели на социјално загрозени семејства. Упати апел до сите заинтересирани донатори, да се вклучат во оваа иницијатива и Кавадарци да биде првиот град во Македонија, во кој ќе нема гладни.

 

   Кавадаречката Народна кујна, секојдневно обезбедува по околу 40 порции храна, за околу 20 социјално загрозени семејства, корисници на социјална и постојана парична помош.

 

С.Д



Share

Додади коментар