Кавадарчани се гушат со ПМ10!
20-12-2016 РЕГИОН

15 дена по ред кавадарчани дишат загаден воздух. ПМ10 честичките се континуирано над максимално дозволените 50 микрограми на метар кубен, покажуваат резултатите од мерната станица на Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

Денеска околу 10 часот вредностите покажуваа повторно големо пристуство на штетните ПМ10 честички во воздухот во Кавадарци. Измерената вредност покажуваше 231 мг/м3. Вчера околу 18 часот воздухот бил екстремно загаден. Мерењата покажуваат 538 микрограми на метар кубен.

 

Препорака до сите граѓани е да не излегуваат надвор без посебна потреба, бидејќи возухот е екстремно загаден и може да има негативни последици по здравјето, особено за лицата кои имаат проблеми со респираторниот систем.

 

Науката вели дека ваквото загадување го предизвикуваат издувните гасови од автомобилите, согорувањето на дрва, јаглен и други материјали со кои се затоплуваат домовите, но и се користат за казаните за варење ракија. Исто така свој удел имаат и фабриките и енергетските постројки.

 

И минатата зима Кавадарци беше меѓу најзагадените градови во земјава со ПМ 10 честички. За загадувањето раправаше и советот и донесе неколку заклучоци кои речиси и не се реализираа во пракса. Лани советот одлучи Комуналец‘ два пати неделно да врши миење на сите улици, камионите да го заобиколуваат градот, да се намали употребата на јаглен за затоплување на домовите, а медиумите редовно да ги информираат граѓаните за загаденоста.

 

 

Aнгел Данов



Share

Додади коментар