За 30 проценти се намалени случаите на несовесно исфрлање на комињето кое останува при печењето на ракија во канализацијата, споредено со лани, информираше денес Марјан Прескакулев, раководител на работната единица за водовод и канализација при јавното претпријатие “Комуналец” од Кавадарци.
-За наша среќе но и на граѓаните на Кавадарци, се намалува бојот на интервенции при запушени канализации како последица на исфрлено комиње. Тоа значи дека несовесните лозари кои печат ракија во овој период од годината и на кои порано најлесно им беше комињето да го фрлат во канализација, се дисциплинираа. Сега по примерот на оние совесните од порано, комињето го собираат во вреќи па го оставаат во контејнери за да го соберат комуналните работници. Тоа значи дека апелите за внимателност при печењето ракија вродија со плод, нагласи Прескакулев.
Тој изрази задоволство што и покрај сезоната на печење ракија кога вода за пиење се користи за ладење на казаните, Кавадарци нема проблем со водоснабдувањето.
С.Д

Додади коментар