И годинава на државниот натпревар по радиотелеграфија што викендот во организација на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија се одржа во Прилеп најдобри беа кавадарчани. Несомнено кавадаречкиот радио клуб Искра има екипа која не така лесно отстапува од врвот и пласманот за светско првенство. Брзото примање и предавање на знаци од Морзеовата азбука или натпреварувачка категорија стручно наречена хст покажаа резултатите уште еднаш најдобро им оди на Миле Трајков, Дарко Трајков и Дејан Ѓорѓиев. Таткото и синот континуирано со пласман најдобри.
Во Прилеп овој пат Миле Трајков го освои првото место во категоријата ветерани, неговиот син Дарко Трајков беше прв кај сениорите, а Дејан Ѓорѓиев изби на првото место мешу јуниорите. Оваа тројка, екипа која е дел од кавадаречкиот радио клуб Искра кој работи во рамки на Народна техника од денеска се подговтувава за свестското првенство кое ќе се одржи во септември во Охрид. И таму ќе бидат предводени од менаџерот Младен Марковски , а според искуството од претходните години едно од првите три места сигурно е во рацете на овие тројца кавадарчани.
М.Младенова

Додади коментар