Кавадарчани на протест за оставка на Иванов
09-05-2016 РЕГИОН

„Нема правда, нема мир! , Шутка не ти бега Никола,“ ечеше вечерва од градскиот плоштад во Кавадарци, а десетина јајца завршија во фасадата и прозорците од општинската зграда.

 

Беше спречен инцидент, кога демонстрантите се 

 

нафрлија кон едно лице кое го снимаше протестот со видео камера. Од полицијата добивме одговор дека човекот кој снимал, бил вработен во МВР и снимањето било службено, за да се документира доколку се случи инцидент.

И четвртиот  протест на Шарената револуција тргна од катастарот во новиот центар на градот. Се маршираше низ градските улици. Од импровизираната бина поставена на трактор,  кој исто така се движеше низ улиците се слушаа „Чао бела“, „Во борба македонски народе“. Кога се стигна до плоштадот имаше неколку обраќања на млади луѓе, граѓански активисти.

 

„Ова е народот што чекори напред без закани  и притисоци. Ова е народот кој цврсто е решен да помине низ сите бариери да си ја спаси сопствената држава од криминалната банда предводена од Никола Груевски. Во овие мигови, ние сме тие што ја испишуваме историјата на нашата држава, која  целосно е во канџите на криминалната група.   Груевски што ни направи нам младите? Не задолжи секоја година секој  од нас секоја година  да враќаме по 2800 евра. Ни ја зедовте нашата и иднината на нашите деца. Знаеш ли ти Груевски дека ние студираме и живееме од ниските плати на нашите мајки и татковци, од ниските пензии на нашите дедовци. Ги украдовте парите не доведовте до работ на мизеријата. Не нарекуваш хулигани, а ти си најголемиот арамија.  Нашата совест е мирна, нашите души се чисти. Во нас постои само огромна воља за подобро утре. Ти си оној нечистиот. Ти си најголемото зло што и се случи на Репувблика Македонија. Ие младите нема да одиме во странство. Решени сме и одиме до крај, до конечна победа“ беше речено меѓу другото на  протестот.

 

Од протестот беше побарана оставка од претседателот Иванов, поради, како што беше речено,  аболицијата која им ја даде на луѓе кои требало да одговараат за криминал и изборни измами.

„ Денес е голем ден за Европа. Денот кога фашизмот беше победен. Денеска се собравме да кажеме доста е на диктаторот. Човекот кој 10 години ја уништуваше државата. Доста е Никола, не те сакаме тебе и твојата фамилија, твојата банда од криминалци.  Ги избркавте нашите другари од Македонија по белиот свет по корка леб“ рече Виткор Велески. Тој се осврна и на состојбите во Кавадарци. Упати критики на адреса на градоначалникот Панов за уништен спорт во градот.

 

На градскиот плоштад беа испишани повеќе пораки за подршка на Специјалното обвинителство, „затвор за криминалците“, а општинската зграда „исфарбана“ со јајца.

Од протестот беа  упатени  прашања до Иванов, каде ја гледа правдата во дадената аболиција и дали сеуште се чувствува како правник кој треба да ги учи своите студенти за нешта за кои ќе бидат горди во животот.

 

„Ние младите се срамиме од Иванов, човекот кој е доктор по правни науки, а аболицираше криминалци кои ни ги украдоа парите, кои направија изборни измами, уништија цели семејства правејќи од нивните членови политички затвореници, прикриваа убиства, кои немаат ни срце, ни душа, кои го оттуѓија брат од брата си, сестра од сестра си и ја уништија државата“ беше речено на протестот на шарената револуција во Кавадарци.

 Ангел Данов



Share

Додади коментар