Кавадарчани заглавени на хрвастско-српската граница бараат помош
20-03-2020 РЕГИОН

Десeтина македонци се заглавени на хрватско-српската граница. Меѓу нив неколку мина се од Кавадарци. Тие вечерва не контактираа и побараа помош од својата држава. Велат дека 20 часа се заглавени.

 

„Си тргнавме од Хрватска за Македонија. Хрватите не пуштија, рекоа нема проблем. На српската граница не ни дозволија премин. Кажаа дека нема излез од Србија. . Немаме ни вода ни леб. Ситуацијата е загрижувачка“ раскажува Г.С за КТВ.

 

Тој вели дека се јавиле и во амбасадата во Хрватска. Таму им било кажано дека е затворено за влез.

 

Македонските граѓани кои се заглавени на овој граничен премин се надеваат на брза интервенција на македонските власти со цел да се вратат час поскоро во своите домови.

 

А.Д



Share

Додади коментар