Кавадарчани синоќа максимално ги почитуваа препораките да останат во своите домови. Од 21 часот започна полицискиот час и не се евидентирани никакви прекршувања на подрачјето на ОВР Кавадарци, потврди денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Утринава граѓаните со заштитни маски и ракавици излегоа да ги завршат основните обврски за набавка на храна и лекови. За разлика од претходните денови можеше да се забележи помало присуство на граѓани. Пред маркетите, аптеките и банките се почитуваше редот и препораките.
Новите податоци соопштени денеска од МЗ говорат дека нема евидентирано нови заболени лица од Кавадарци, но има сеуште брисови од кои се очекуваат резултати.
Во земјава за 24 часа се евидентирани 22 нови случаи и уште еден смртен случај.
Ангел Данов

Додади коментар