„Нема ништо алармантно. Повиците се речиси вообичаени“ – ваков е рапортот од кавадаречката брза помош денеска, откако веќе неколку дена во земјава температурата се искачи и до 40 степени.
„Најчесто пациентите кои бараат лекарска помош се со покачен крвен притисок, колапси поради горештините немаме евидентирано. Работењето на нашите екипи е речиси вообичаено. Бројот на повици варира од ден на ден, но не е ништо не вообичаено и вонредно. Граѓаните ги почитуваат пораките за заштита од топлото време“ ни рече во телефонски разговор началникот на брза помош, д-р Драги Димитров.
Тој информира дека во изминатите денови имале регистрирано неколку случаи на дијареа и кај деца и кај повозрасни, но веќе од денеска бројот и на тие случаи е намален.
Лекарите им препорачуваат на хронично болните редовно да ја земаат терапијата, да не излегуваат на отворено во периодот од 10 до 17 часот. Да престојуваат во климатизирани простории и без поголема потреба да не се излегува надвор.
Метеоролозите веќе за од утре попладне најавуваат промена на временската состојба. Ќе има врнежи од дожд но и опаѓање на температурата.
А.Д
Додади коментар