Кавадарчанец оштетил возила и извршил физички напад
27-02-2024 РЕГИОН
Утринава во 04.25 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.П. (28) од Кавадарци, постапувајки по претходна пријава од 19 – годишната С.Џ. од Кавадарци дека пред нивниот дом физички го нападнал нејзиниот сопруг И.В. (22) и со дрвен предмет ги оштетил нивните возила „форд“ и „опел астра“ и влезната врата од домот.
Р.П. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител, а увид на местото бил извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци. По документирање на настанот против Р.П. ќе биде поднесена соодветна пријава - информираат од СВР Велес.

Додади коментар