Наскоро зависниците од опојни и психотропни супстанци во Кавадарци ќе добијат центар за рехабилитација. Тој ќе биде лоциран веднаш до днвниот метадоснски центар. Со пари од општинската каса се реконструира преостанатиот дел од објектот „стар рендген“. Таму интензивно се рализираат градежни активности. Проектот општина Кавадарци ќе го реализира во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Зависниците од дрога покрај тоа што ќе добиваат дневна доза метадон заедно со зависниците од алкохол ќе добиваат и третман од психолог и социолог.
„Кавадарци е еден од неколкуте градови во земјава каде работи метадонски центар и тој неколку години успешно функционира, Во соработка со Министерството за труд и социјална полтиика веднаш до метадонскиот центар ќе отвориме центар за рехабилитација од зависности. Со средства на општината се реконструира овој просотр, а потоа во натамошниот период ќе биде ангажиран соодветен персонал под надлежност на МТСП.“ рече градоначалникот Александар Панов и нагласи дека при крај се градежните активности за реновирање на стариот рендген за што од буџетот на општината ќе бидат потрошени околу еден милион денари.
Градоначалникот инфомрира дека откако општината ќе заврши со реконструкција на објектот, останатиот дел од опремувањето на центарот и вработувањето на стручен кадар ќе биде обврска на министерството за труд и социјална политика.
Ангел Данов
Додади коментар