Кавадарци ја додели наградата „7 ми септември“
08-09-2015 РЕГИОН

По интонирањето на химната на Република Македонија им се одадае почит на сите борци кои своите животи ги положија во темелите на денешната слобода. Кавадарци вечера одбележа 71 година од ослободувањето. Советот на општината одржа свечена седница. Ја отвори претседателката на советот, Горица Пеливанова-Вилхелм, а свое обраќање пред присутните советници и гости имаше градоначалникот АЛександар Панов.

Тој искажа благодарност од името на сегашните генерации на нашите предци кои се бореле да ни ја овозможат денешната слобода. Се осврна на реализираното, а најави и неколку приоритетни проекти кои се надева дека ќе се рализираат до крајот на годината и во наредниот период.

-          Во наредниот период ќе раобтиме на изградба на нова детска градинка, нво центар, аква парк, доизградба на кејот на реката Луда Мара, рече Панов. Тој апелираше до политичките партии во градот за време на претстојните избори да го зачувале човечкото достоинство но и онаа политичка култура по која досега Кавадарци се разликуваше од другите градови.

 

На свечената седница беше доделена и седмосептмвриската награда. Годинава советот одлучи најувисокото признание на градот во знак на благодарност за афирмацијата на градот да му биде доделено на комапнијата “Инел интернационал“ и на проф. Д-р Кирил Темков.

Наградените се заблагодарија за признието што им го даде градот и ветија дека и во наредниот период ќе работеле на афирмација на градот во земјава и надвор.

Потоа свечената седница беше збогатена и со настап на ученици од ОМБУ „Лазо Мицев Рале“ и оркестарот при гимназијата „Добри Даскалов“.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар