Зградата на улицата „Пано Мударов“ во Кавадарци е првата која ќе има нов лик. Ќе добие термо фасада, ќе се менува покривот и столаријата. Овие активности се дел од проектот за енергетска ефикасност што локалнатга самоуправа го реализира во соработка со Хабитат Македонија, подржани од УСАИД.
По заседавањето на комисијата апликацијата на оваа зграда е прифатена. Со заем ќе биде реконструиран објектот.
„Овој проект го почнавме пред една година. Следеа подготвителни дејства за запознавање на граѓаните. Освен зградите на „Илинденска“ опфатени се и други згради на други улици. Постапката за првата поголема зграда од комисијата е веќе таргетирана. Овде ќе се работи на термо фасада и промена на кровот. Очекувам во наредниот период интерес и од станарите во другите згради и полека зградите кои го даваат ликот на Кавадарци да го менуваат својот лик, но и станарите да трошат помалку енергенси за затоплување“ рече градоначалникот Александар Панов.
Станарите од зградата каде ќе се врши реконструкција денеска имаа состанок со претставниците на локалната самоуправа, Хабитат Македонија и УСАИД. Тие можеа да се информираат за начинот на отплата на заемот и времето на реализација на проектот.
Претставникот на Хабитат во изјавата за КТВ рече дека откако ќе се аплицира по овој проект се одлучува кој од кандидатите ги исполнуваат условите за овој проект.
„Зградите аплицираат кај нас, по овој проект за поставување на термо фасада, промена на кров, промена на старите со нови прозорици. Голем дел од проектот подржува и обновување на работата на заедницата на сопственици или поранешните куќни совети“ рече Андреј Апостолски од Хабитат Македонија.
Ангел Данов
Додади коментар