Кавадарци подготвува спомен соба за Никола Бадев
20-09-2018 РЕГИОН

 

 

     Спомен соба посветена на легендата на македонската народна песна, кавадарчанецот Никола Бадев, наскоро ќе биде отворена во рамките на новиот музеј во Кавадарци. Директорката на Музеј галеријата, Весна Ѓорѓиева информира дека работите се во финална фаза. Проектот го спроведуваат во соработка со градоначалникот и Советот на општината, а во него активно се вклучени и ќерките на Бадев, Роска и Сузана.

 

   -Кавадарци е вистински расадник на квалитетни луѓе од секоја област, па и во музиката и уметноста. Во знак на благодарност за прекрасните песни кои ни ги подари, испеани со неговиот “кадифен” глас, ја подготвуваме спомен собата, вели Ѓорѓиева.

 

   Посетителите ќе можат да ги видат бистата и статуата на доајенот на македонската народна песна, фотографии и плакати од негови концерти во земјава и странство, сингл плочи и видео материјали, благодарници. Во спомен собата, меѓу другото, ќе бидат презентирани и негови лични предмети. Грамофонот, фотоапаратот и камерите, музичките инструменти, часовникот, вратоврска, манжетните од кошулата и бројаницата.

С.Д



Share

Додади коментар