Алармантно расте бројот на нови позитивни на корона вирус, покажуваат денешните статистички податоци од Центарот за јавно здравје Кавадарци. Во последните 24 часа дијагностицирани се 21 случај во Кавадарци, а сеуште се чекаат резултати од направени тестови. Во Неготино има шест нови случаи и еден во Росоман. Кавадарци станува ново жариште на вирусот велат лекарите.
„Ги има сите возрасни групи, од 2 до 71 година. Најмладиот позитивен е на две годишна возраст од Неготино. Детето посетува градинка и беше претходно во изолација по случајот со позитивно дете. Во Кавадарци позитивни се две деца, ученици, на возраст од 6 и 7 години. Од 8 октомври седумгодишникот не посетува училиште, а шест годишното дете не е на училиште од почетокот на учебната година“ рече за КТВ епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Ангел Данов
Додади коментар